СЕВЕРНА КОРЕЈА: Војници со глава кршат бетонски блокови пред својот лидер (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Севернокорејските медиуми објавија видео на војници кои ги покажуваат своите борбени вештини и способности со кршење бетонски блокови со глави и раце, свиткување челични шипки…

Loading...

Видеото е направено на презентацијата на одбранбените способности на армијата во Пјонгјанг, а меѓу гледачите беше и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

 

 

На видеото се гледа како војници уништуваат цигли и плочи со рацете и главите, лежејќи на клинци и парчиња стакло, додека други војници кршеле бетонски плочи по нивните тела со чекани.

Големото финале на изложбата беше двајца војници кои свиткаа челични шипки околу вратот и искинаа синџири.

 

Loading...

 

Севернокорејските медиуми наведуваат дека претставата била организирана со цел „да им се покаже на непријателите дека војниците имаат челични тупаници што го штитат мирот“.