Северна Кореја пријави уште 270.000 случаи на треска среде кризата со Ковид

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја пријавила уште 269.510 случаи со симптоми на треска и уште шест смртни случаи, објавија денеска државните медиуми во време кога земјата се соочува со ширење на епидемија на недијагностициран КОВИД-19 кај невакцинираната популација.

Loading...

Според севернокорејскиот штаб за борба против вирусот, 56 лица починале, а повеќе од 1,48 милиони се разболеле поради брзото ширење на треската во земјата од крајот на април, а надворешни експерти сметаат дека повеќето од овие случаи се ковид19.

Северна Кореја соопшти дека најмалку 663.910 луѓе сè уште се во карантин.

 

Премиерот на Шри Ланка: Снемува гориво, ова е најлошата криза во последните 70 години

 

Државните медиуми не наведуваат колку од случаите на треска е потврдено дека се ковид-19.

Веројатно е дека на Северна Кореја ѝ недостасува опрема за тестирање за да ги потврди инфекциите со коронавирус во голем број, а нејзиниот одговор на вирусот е главно изолација на луѓе со симптоми.

Loading...

Неуспехот да се забави ширењето на вирусот може да има тешки последици за Северна Кореја, со оглед на нејзиниот слаб здравствен систем и верувањето дека нејзините 26 милиони луѓе не се вакцинирани.

Земјата, исто така, се бори со неухранетост и други услови на сиромаштија и нема алатки за јавно здравје, како што се антивирусни лекови и единици за интензивна нега кои помогнаа да се намалат хоспитализирањата и смртните случаи во други земји.

 

Столтенберг: Разбирлив е ставот на Турција за проширувањето на НАТО

 

Некои експерти се сомневаат дека Северна Кореја пријавува помалку смртни случаи за да го ублажи ударот врз раководството на авторитарниот лидер Ким Џонг Ун.

Бројот на смртни случаи би можел значително да се зголеми во следните недели, со оглед на интервалот од неколку недели помеѓу инфекцијата и смртта.

Откако две години тврдеше дека го чувала вирусот совршено надвор од нејзината територија, Северна Кореја минатата недела призна дека има инфекција со Ковид-19, наведувајќи дека голем број луѓе во главниот град Пјонгјанг биле позитивни на брзо ширење на вирусот омикрон.

Loading...

 

Во тајна операција украинските војници изнесени од Азовстал (ВИДЕО)

 

Опишувајќи ја епидемијата како „големо нарушување“, Ким Џонг Ун воведе максимални превентивни мерки во земјата, ограничувајќи го движењето на луѓе и стоки меѓу градовите и окрузите.

Повеќе од милион службеници од јавното здравство, наставници и студенти по медицина се мобилизирани да ги идентификуваат луѓето со треска за да можат да бидат ставени во карантин.

За време на состанокот на владејачката партија во неделата, Ким и нареди на армијата да се вклучи во одговор на пандемијата во Пјонгјанг, што предизвика загриженост дека лековите и медицинските потреби не пристигнуваат навреме во аптеките.

Севернокорејската официјална новинска агенција КЦНА денеска објави дека армијата почнала да распоредува офицери од своите медицински единици за да помогнат во транспортот на лекови до аптеките во Пјонгјанг, кои сега работат 24 часа на ден поради вирусната криза.

Експертите велат дека екстремното затворање на границите на земјата можеби го спречило ширењето на инфекцијата досега.

Loading...