СЕВЕРНА КОРЕЈА: Не сакаме состанок на кој Трамп само ќе се фали

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја одговори на твитот од американскиот претседател Доналд Трамп, во кој тој повика на нова средба со лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун.

Loading...

Северна Кореја изјави дека Пјонгјанг нема никаков интерес да му дозволи на Трамп состанок „со кој тој ќе се фали“ доколку не добие ништо суштинско за возврат.

Советникот во Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Ки-Гуан, во изјавата рече дека Вашингтон мора да се откаже од она што Пјонгјанг го смета за „непријателска политика“, доколку сакаат преговорите и натаму да живеат.

Според АП, објавата е последен повик на Пјонгјанг до Вашингтон да направи отстапки пред крајот на крајниот рок утврден од администрацијата на Трамп да понуди заемно прифатливи услови за продолжување на нуклеарните преговори.

Вчера, Трамп, одговарајќи на навредите на Северна Кореја на сметка на неговиот политички ривал Џо Бајден, напиша во порака до Ким на Твитер дека тој „не е луто куче“ и дека е „нешто подобар од тоа“ и ја заврши пораката со „Се гледаме наскоро“.

Leave a Reply