СЕВЕРНА КОРЕЈА ГЛАДУВА: Ќе печатат купни наместо пари и одлгедуваат лебеди за јадење

Сподели со своите пријатели

Од печатење купони како замена за пари, до одгледување украсни црни лебеди за храна, Северна Кореја е принудена да иновира за да се справи со економските проблеми и недостигот на храна, во време кога сè уште постојат блокади на границите поврзани со пандемијата, пишува Ројтерс.

Loading...

Како што се приближува крајот на жетвата, меѓународните набљудувачи велат дека состојбата со храна и економската состојба во Северна Кореја е тешка и дека има сигнали дека земјата ја зголемува трговијата и прима големи пратки хуманитарна помош преку Кина.

 

 

Јужнокорејската разузнавачка агенција вчера на парламентарното сослушување зад затворени врати објави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун издал наредби со кои повикува на зачувување на секое зрно ориз и на сеопфатни напори посветени на земјоделството.

Сепак, шпионската агенција процени дека оваа жетва би можела да биде подобра од минатогодишната поради повеќе сончеви денови, наведувајќи дека Северна Кореја презема чекори за повторно отворање на границата со Кина и Русија во наредните месеци.

Според различни медиуми кои се повикуваат на неидентификувани извори во Северна Кореја, тамошната централна банка испечатила купони за пари во вредност од околу еден долар поради недостаток на банкноти од севернокорејски вони.

Loading...

 

 

Оваа недела, севернокорејските државни медиуми ја промовираа потрошувачката на месо од црн лебед како медицински извор на храна, наведувајќи дека ново развиеното индустриско одгледување ќе помогне да се подобри животот на луѓето.

– Месото на црниот лебед е вкусно и има лековита вредност – пишува во севернокорејскиот дневен весник „Родонг Синмун“, кој е во сопственост на владејачката партија.

 

 

Loading...

Истражувањето за одгледување украсни птици за храна започна на почетокот на 2019 година, а властите им наложија на училиштата, фабриките и компаниите да одгледуваат риби и други животни со цел да ја зголемат сопствената независност во храната, пренесува „НК Њуз“.

Северна Кореја долго време се соочува со напната ситуација со храната, а набљудувачите велат дека лошото економско владеење е влошено со меѓународните санкции поради нејзиното нуклеарно оружје, природните катастрофи и сега пандемијата на корона вирусот, што доведе до невидена блокада на границите.