Последните санкции кои ОН ги прогласи против Северна Кореја претставуваат „акт на војна“ ојавило севернокорејското министерство за надворешни работи преку службената агенција KCNA.
– Во целост ги отфрламе последните санкции на ОН како насилен упад на сувереноста на нашата република и акт на војна кој ќе го уништи мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров и регион, пренесува KCNA.
Советот за безбедност на Обединетите нации во петок едногласно воведе нови санцкии за Северна Кореја со кои се забранува изворз од оваа земја за околу 90% од нафтените производи, а извозот на сирова нафта се ограничува на милион барели годишно. Исто така наредено е враќање во тактковината на сите државјани на Северна Кореја кои работат во странство во рок од 12 месеци.