Северна Кореја: 800 илјади граѓани доброволно се пријавиле во војска за одбрана од САД!

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја тврди дека околу 800.000 нејзини граѓани доброволно се приклучиле на армијата за да се борат против САД, објави во петокот државниот весник.

Loading...

Само во петокот, околу 800.000 студенти и работници изразија желба да се пријават во армијата за да се одбранат од САД, пишува весникот Родонг Синмун.

Соопштението дојде откако Северна Кореја во четвртокот лансираше интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17 како одговор на американско-јужнокорејските воени вежби.

Севернокорејските балистички ракети се забранети со резолуции на Советот за безбедност на ОН, а последното лансирање беше осудено од владите во Сеул, Вашингтон и Токио.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студентите во Њујорк протестираа за Палестина, повеќе од 100 уапсени

Јужнокорејските и американските војници во понеделникот ја започнаа 11-дневната вежба „Штитот на слободата 23“ на размери што не се забележани од 2017 година.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги обвини САД и Јужна Кореја дека ги зголемуваат тензиите со воени вежби.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.