Северна и Јужна Кореја ја обновија „црвената“ телефонска линија

Сподели со своите пријатели

Северна и Јужна Кореја денеска ја обновија „црвената“ телефонска линија што беше прекината од официјален Пјонгјанг пред неколку месеци.

Loading...

Официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА објави дека телефонските врски ќе бидат повторно воспоставени во понеделник во девет часот по локално време.

Сеул потврди дека редовната комуникација, двапати дневно, била обновувана преку воени телефонски линии и други управувани од Министерството за обединување, освен поморскиот канал кој е дел од меѓународна мрежа за трговски бродови, пишува АП.

КЦНА го повика Сеул да ги исполни своите „задачи“ за поправање на затегнатите прекугранични врски, што се повтори на минатонеделниот говор на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, кој одлучи да ги обнови линиите за да им помогне на луѓето да ги реализираат своите надежи за затоплување на односите и постигнување мир.

Во тој говор Ким ја повика Јужна Кореја да ги напушти своите „двојни стандарди“ и „заблуди“ за воените активности на Северна Кореја за самоодбрана додека развива сопствено оружје.

Ким Јонг-ун минатата недела изрази подготвеност за повторно активирање на комуникациските линии, кои Северна Кореја ги прекина на почетокот на август во знак на протест против заедничките воени вежби на Јужна Кореја и САД.