Се*сот влијае на здравјето и убавината: 10 придобивки од водењето љубов!

Сподели со своите пријатели

Покрај „познатите“ придобивки од сексот, научниците откриле и некои нови, изненадувачки:

Loading...

 

 

  1. Сексот го зајакнува имунолошкиот систем

„Сексуално активните луѓе имаат помалку болни денови“, вели д-р Ивон К. Фулбрајт, експерт за сексуално здравје.

Луѓето кои имаат почести сексуални односи имаат поголемо ниво на антитела кои го бранат нивното тело од бактерии, вируси и други натрапници.

Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија откриле дека студентите кои имале секс еднаш или двапати неделно имале поголемо ниво на одредени антитела отколку студентите кои имале помалку секс.

 

Loading...

 

Тоа не значи дека не треба да правите други работи што вашиот имунолошки систем го прават посилни, а тоа се:

јадете здрава храна и правете го тоа редовно

бидете физички активни

добро спиење (редовно)

редовно вакцинирајте се

 

Loading...

 

  1. Сексот го подобрува квалитетот на спиењето

Можете да заспиете побрзо по сексуален однос, и тоа со добра причина.

„По оргазмот се ослободува хормонот пролактин, кој е одговорен за релаксација и поспаност“, се присетува д-р Чени Амбардар, психијатар од Западен Холивуд во Калифорнија.

  1. Сексот го подобрува либидото

„Подобрување на либидото и со интересен секс – го подобрува уживањето во сексот, а со тоа и почестите желби за секс“, вели д-р Лорен Страјхер, клиничка професорка по акушерство и гинекологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Чикаго.

За жените, „добриот“ секс го подобрува протокот на крв низ вагината и еластичноста на кожата, што сите заедно ги прават жените да се чувствуваат подобро по сексуалниот однос.

 

Loading...

 

  1. Сексот ја подобрува контролата на мочниот меур

Силните мускули на карлицата се важни за да се избегне уринарна инконтиненција (неконтролирано мокрење), што влијае на 30% од жените во одреден период од животот.

Добриот секс е тренинг за мускулите на карлицата. Оргазмот предизвикува контракции на карличните мускули и ги зајакнува.

 

 

Loading...
  1. Секс за витка линија

„Сексот е навистина добра форма на физичко вежбање, иако не може целосно да ги замени вистинските спортски активности од триесет до четириесет минути. Сепак, редовните сексуални активности се добри за физичкото здравје “, потсетува д-р Џозеф Ј.Пинзон.

За време на сексуалниот однос се трошат околу 5 калории во минута, што е пет пати повеќе отколку кога гледате телевизија. За време на сексуалниот однос, пулсот се забрзува и се активираат разни мускули во телото.

 

 

Loading...
  1. Сексот го намалува ризикот од срцеви заболувања

Добриот (редовен) сексуален живот е добар за срцето и крвните садови. Покрај тоа што е одличен начин за зголемување на отчукувањата на срцето, сексот помага и во балансирање на нивото на естроген и тестостерон во организмот.

Истражувачите откриле дека луѓето без редовен сексуален живот имаат поголеми проблеми со остеопороза и срцеви заболувања.

Во една студија, откриено е дека мажите кои имале секс најмалку двапати неделно имаат половина ризик да умрат од срцеви заболувања отколку мажите кои имале секс многу ретко.

 

Loading...

 

  1. Сексот го намалува крвниот притисок

Според д-р Џосеф Пинзоне, еден од директорите на „Амаи Велнес“, резултатите од различни студии покажуваат врска помеѓу редовниот и добриот секс и понискиот крвен притисок.

  1. Сексот ја намалува болката

„Пред да земете аспирин за болка, испробајте оргазам. Оргазмот може да ја блокира болката затоа што ослободува хормон кој го зголемува прагот на болка“, вели Бери Р.Комисарук, професор на Државниот универзитет во Њу Џерси.

Истражувачите истакнуваат дека за време на оргазмот, вагиналната стимулација може да блокира хронична болка во нозете, па дури и главоболки, а многу жени изјавиле дека само-стимулацијата на гениталиите може да ги намали менструалните грчеви.

 

Loading...

 

  1. Сексот ја штити простатата

Според списанието на Американската медицинска асоцијација, мажите кои често ејакулираат (барем 21 пати месечно) имаат помали шанси да заболат од рак на простата.

Бројот на ејакулации вклучува сексуални односи и мастурбација. Не е јасно дали сексот е единствената причина за она што го наведовме, но повеќе секс нема да боли.

 

Loading...

 

  1. Сексот го намалува стресот

Интимноста со партнерот може да го ослободи стресот и вознемиреноста. Допирањето и прегрнувањето ослободува „фил-гуд хормон“ – тоа е всушност супстанца што остава впечаток на задоволство во мозокот и го забрзува системот на наградување.

Според д-р Чени Амбардар, сексот и блискоста можат да ја зголемат самодовербата и релаксацијата, а тоа е рецепт за поздрав живот и среќа.

Leave a Reply