Сериски убијци кои никогаш не се фатени (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Од некоја непозната причина, постојат факти за сериските убијци кои не фасцинираат, а доказ за тоа, секако се документарните и играните филмови снимени според вистински настани кои „де факто“ ги гледаме.

Loading...

Кога ќе се соживееме со тие приказни, утеха обично ни носи сознанието дека убиецот на крајот е изведен пред лицето на правдата, но тоа не секогаш е така.

Всушност постојат многу нерешени случаи на убиства и сериски убијци кои полицијата не успеала да ги пронајде. Ви ги пренесуваме осумте најпознати во Америка и Канада, кои никогаш не биле разрешени и убијците никогаш не биле пронајдени.

  1. УНИШТУВАЧОТ НА СЛУГИТЕ

Во текот на 1884. и 1885. година манијак со секира убил седум жени и еден маж во Остин, Тексас. Своите жртви ги извлекувал среде ноќ од нивните домови, а потоа ги убивал. Шест жени и двајца мажи некако успеале да ги преживает нападите.

Њујорк Тајмс во 1885. година пишувал дека поради тоа биле испрашувани над 400 луѓе, но никој од нив не бил обвинет за злосторствата.

Постоеле многу невтемелени теории за идентитетот на убиецот, вклучувајќи и некои според кои се работело за Џек Трбосек, за кого се верувало дека својот занает го стекнал во САД пред неговите познати убиства во Лондон неколку години подоцна.

 

Loading...

 

  1. ЗОДИЈАК

Овој сериски убиец тврдел дека е одговорен за 37 убиства во текот на 60те и 70те години во Северна Калифорнија, но истражувачите потврдиле само седум жртви. Нападнал такси возач и тројца различни парови, како и двајца мажи кои ги преживеале нападите. Си смислил и име, а потоа се поиграл со властите така што испраќал писма и криптограми на новинарите, предизвикувајќи ги да ги дешифрираат писмата за да го пронајдат.

Според една од овие декодорани пораки, убивај за да „собере робови за задгробниот живот“.

Многумина и денес се опседнати со овие убиства, а бројни луѓе тврдат дека го решиле овој случај, но немало потврда. Некои од клучните осомничени од тогаш веќе се починати.

 

 

  1. ФАНТОМОТ ОД АВТОПАТОТ

Во текот на 1971. и 1972. година во североисточниот дел на Вашингтон убиени се шест црни тинејџерки на возраст помеѓу 10 и 18 одини. Секоја од нив е киднапирана додека се враќала дома. Биле силувани, а потоа задушени. Нивните тела биле оставани покрај автопат.

Loading...

Претпоследната жртва е пронајдена со пелешка на која стоел потпсиот „Free-wat Phantom“. Во пораката пишувало дека се однесува на неговата нечувствителност кон луѓето, а особено жените. Порачал дека ќе ги признае убиствата кога ќе го фатат, доколку можат.

Полицијата имала свои осомничени, вклучувајќи банда која делувала во таа област, но не била донесена пресуда. Со години подоцна, досиејата од предметот се изгубени, поради што денес е скоро невозможно да се решат овие случаи.

 

 

  1. АЛФАБЕТ

Исто така кон почетокот на седумдесетите, три жени се силувани  задушени околу Рочестер, во Њујорк. Телата на девојките пронајдени се во градовите чии имиња започнуваат со буквите како и нивните имиња Кармен Колон (Carmen Colon) е пронајдела во Черчвил (Churchville), Мишел Маенза (Michelle Maenza) во Македонија (Macedon) и Ванда Валкович (Wanda Walkovicz) во Вебстер (Webster).

Човекот по името Џозеф Насо извршил слични убиства, но неговата ДНК не се совпаднала со онаа пронајдена на местото на настанот, така да случајот се уште не е решен.

 

Loading...

https://youtu.be/XkdPakC4LCE

 

  1. БЕЈБИСИТЕР

Овој убиец е познат и како „убиец на децата во округот Оакланд“ затоа што кон кранот на седумдесетите години убил најмалку четири деца во Мичиген.

Прекарот „бејбиситер“ го добил затоа што секоја негова жртва е откриена целосно облечена и искапена, убиена откако е држана на непозната локација во период од четири до 19 дена.

Имало и ветувачки траги, вклучувајќи и еден сведок кој го видел човекот кој разговарал со жртвата во ноќта на убиството, но случајот останал отворен.

 

Loading...

 

  1. УБИЕЦОТ ОД АВТОПАТОТ КОЛОНИЈАЛ

Кон крајот на осумдесетите години на минатиот век, три парови се пронајдени мртви во своите автомобили долж автопатот Колонијал во Вирџинија, а за четвртиот пар, кој исчезнал на тоа подрачје исто така се претпоставува дека е убиен.

Постојат многу теории за овој случај, влучувајќи ја и онаа дека убиецот всушност е полицаец кој можел да ги запре жртвите, но ништо од тоа се уште не е докажано.

 

Loading...

 

  1. АВТОПАТОТ СОЛЗА

Многу луѓе изчезнале на автопатот 16 во Британска Колумбија, а помеѓу 16 и 40 лица се убиени најверојатно од иста личност. Зачестеноста на убиствата сугерира дека се работи за еден убиец, но временскиот период од 1969. до 2011 година носи претпоставка дека се во прашање повеќе убијци.

Многу од жртвите биле жени од „првата нација“, Индијанки, што ги навело жителите на тоа подрачје да помислат дека расизмот играл главна улога и во нападите и недостатокот на напредок во истрагата од тие случаи.

За канадската Кралска полиција, Боби Џек Фовлер бил главен осомничен за убиство на 10 до 20 жртви, а серискиот убиец Коди Легебокоф, исто така од Канда, осуден е само за едно убиство.

Loading...

Сепак, се уште има десетици нерешени случаи на убиства, кои се случиле на истиот автопат.

 

 

  1. УБИЕЦОТ ОД „КРЕЈГЛИСТ“

Овој убиец е познат под прекарот „Лиск“, а одговорен е за смрт на 10 до 16 жени на Лонг Ајленд, Њујокр, во периодот од 1996. до 2011. година.

Многу од жртвите биле сексуални работнички кои ги рекламирале своите услуги на „Крејглист“ (Craiglist) што властите ги навело да веруваат дека убиецот организирал средби со жртвите, кои потоа ги силувал и убивал, а нивните тела ги оставал долж автопатот покрај океанот.

Loading...

Главниот осомничен бил Џејмс Бурк, поранешен шеф на полицијата во округот Сафолк, кој претходно користел услуги на една од жртвите. Бурк го опструирал истражувањето на ФБИ во случајот додека бил шеф на полицијата, но усуден е само за попречување на истрагата.

 

Leave a Reply