15.06.2018 02:37

Семејството го кремирало, а по година дена тој се вратил дома

loading...

Една Јапонка некој давеник го идентификувала како својот исчезнат маж, но се шокирала кога нејзиниот сопруг по година дена, жив и здрав се вратил дома.

Полицијата во Токио соопшти дека телото пронајдено во јуни 2017. година во една река бил некој друг исчезнат човек.

За него пишува целиот свет: Починал, го погребале, а тој се вратил дома пијан (видео)

Тоа тело по „позитивната“ идентифиакција на жената и двајца роднини било предадено на семејството, а дека тоа била грешка се испоставило кога жената ја известила полицијата дека нејзиниот исчезнат маж сепак се вратил дома.

Полицијата не соопштила каде тој бил во период од една година. Пепелта на кремиораниот човек во меѓувреме ќе биде предадена на неговото семејство.

Полицијата се извинила поради грешката и ветува дека ќе преземе мерки тоа да не се повтори.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments