Семејството Димковски од Габреш остана без кров над глава

Сподели со своите пријатели

Loading...

Волонтерите на Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово го посетија петчленото семејство Димковски од село Габреш чија што куќа изгоре во пожар од електрична инсталација.

Пламените јазици проголтале се што макотрпно создавале низ годините. Пожарот ги затекнал на спиење, но за среќа нема повредени. Избувнал доцна во ноќта, а пламенот брзо се ширел и ја зафатил целата куќа. Семејството со 5-годишната ќерка сега е сместено во куќата до нив, кај чичкото на Горан. Немаат ниту вода ниту струја. Двајцата родители не се вработени, се занимаваат со одгледување на добиток. Вода за пиење позајмуваат од соседните куќи во селото.

Волонтерите на Црвен крст Куманово при посетата на семејството донираа и хуманитарна помош која се состоеше од прехрамбени пакети, вода, кебиња и топла облека.

Leave a Reply