Семејните скандали водат до дебелеење

Сподели со своите пријатели

Дали знаете дека споровите и скандалите со вашиот сопружник, можат да ве натераат да ја зголемите маса без да забележите?

Излегува дека луѓето кои живеат во конфликтна семејна средина согоруваат помалку калории по оброкот, слично на луѓето кои се во депресија. Научниците откриле дека телото на човек ја обработува храната со висока содржина на масти поинаку, од кој е човек е во затегнати односи со партнерот.

Според истражувачите скандалите дома можат да го зголемат ризикот од дебелеење кај возрасните. Научниците откриле дека мажите и жените со историја на депресија кои имале особено жестоки спорови со нивните сопрузи, согоруваат помалку калории по оброкот, отколку помалку разгневените парови.

Намалувањето на калории може да доведе до качување на околу 4 килограми годишно.

Водечкиот истражувач Жан Кијколд-Глејзер од Универзитетот во Охајо, изјави дека наодите покажуваат колку е важно менталното здравје дури и за нашиот физикус. Новото истражување го поддржува претходното истражување кое покажа дека жените кои се под стрес, качуваат тежина, бидејќи нивниот метаболизам се забавува со по 100 калории на ден.

Д-р Глејзер вели: “Овие откритија идентификуваат не само како хроничните стресни фактори се одговорни за дебелината, но колку е важно човек да обрнува внимание на своето ментално здравје. Повеќето луѓе јадат на секои четири до пет часа и често се хранат со своите сопрузи. Заедничките оброци обезбедуваат првокласна можност за тековните несогласувања во проблематичниот брак, па тоа може да доведе до долгогодишен модел на метаболичка штета кои произлегуваат од непријателство и депресија. ”

Заклучоците покажуваат дека кога и двајцата партнери не си даваат поддршка еден на друг и не се семејно задоволни, тие согоруваат во просек по 31 калории помалку на час, отколку оние од помалку непријателски брак.

Скандалите со партнерот не се само штетни за изгледот, но и на нашето срце. Луѓето кои мислат дека нивната партнерка е несоработлива, се повеќе склони кон развој на кардиоваскуларни болести, се вели во друго истражување на научниците од Универзитетот во Јута, пишува весникот Daily Mail.