Семејна куќа изгоре во селото Габреш

Сподели со своите пријатели

Семејна куќа вчера изгорела во пожар во кумановското село Габреш.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, повикот за помош до Територијалната противпожарна единица Куманово пристигнал околу 04:15 часот по што тим од четворица пожарникари веднаш се упатиле на местото на настанот.

Пожарот бил изгаснат четири часа подоцна, но нема информации за причинетата материјална штета, ниту пак причините кои довеле до избувнување на пламените јазици.

фото: архива

Leave a Reply