Семејна драма во старечки дом: Дошол кај татко му, гледале ТВ, па се обидел да го убие

Сподели со своите пријатели

Даниел Грин (31) веќе не можел да живее со горчливата вистина за неговиот татко педофил, па решил да го убие. Иако не успеал во својот план, сега се соочува со затворска казна од скоро девет години.

Loading...

Драмата се случила една вечер во старечки дом каде бил сместен таткото на Даниел (77), кој страда од деменција.

Најпрво неговиот син гледал телевизија, а потоа се обидел да го удави. Сепак, неговите раце биле премали, па решил да употреби порцеланска фигура што била во близина.

Тој замавнал кон него и го удрил татко му во главата, а потоа ја напуштил собата, пренесува Метро.

Негувателката веднаш забележала крв на облеката и распарчена фигура на подот, и тој само ѝ рекол дека се обидел да го убие својот татко, но дека не успеал. Двајцата биле пренесени во болница.

– Тој сексуално злоставувал деца уште од моето детство. Иако тој никогаш не ме допре, не можам да се справам со гневот што го чувствувам кон него “, рекол Даниел на полицискиот службеник.

Иако неговиот татко завршил во затвор за педофилија кога Даниел имал 13 години, неговиот син не нашол начин да ја заборави траумата, а сега за тоа оди во затвор.

Leave a Reply