Семафорот кај Спортската сала се уште го нема, фирмата заглавила во проблеми

Сподели со своите пријатели

Неколку месеци се очекува да пристигне семафорот кој треба да биде поставен на крстосницата на булеварот „Октовриска револуција“ кај Спортска сала. Како што рече градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, договорот е потпишан, но компанијата „Електрософт“ поради внатрешни програми се уште не го доставила во градот.

Не само што е распишан тендерот, туку е и потпишан договорот за семафор, така да очекуваме фирмата „Електрософт“ која е една од најбрендираните фирми која воопшто работи на таа проблематика во Република Македонија, неколку фирми има од таков профил, меѓутоа поради нивни проблеми во самата фирма не сме отпочнале уште со изградба ан семафорна сгинализација кај Спортската сала. Се надевам дека ќе се рехабилитира, фирмата ќе се врати во една добра работна кондиција и со време ќе отпочне работа на изградба на таа семафорна сигнализација на „Октомвриска револуција“, односно кај Спортската сала, бидејќи тука за мене е една од многу хаотични точки во сообраќајот во Куманово – изјави Дамјановски.