08.11.2018 20:55

Селото Режановце некогаш било Авзи-пашин чифлик


На левиот бред на реката Липковка меѓу железничките линии Куманово – Прешево и Куманово – Бељковце се наоѓа селото Ржановце.

Во 19 век Режановце било чифликсајбнско. Тогаш чифликот се наоѓал во Горното маало. На главниот влез се наоѓал господарскиот конак. Последниот господар од Авзипашините бил Ќамил-паша кој извесно време бил и валија во Босна.

Во Долното маало на селото се наоѓала голема бавчка која при крајот на 19 век била напуштена. Во бавчата имало 5.000 црници со кои селаните одгледувале свилена буба. На тој простор пашата се обидел да сади и ориз, но поради тешките услови и обработката од овој обид се откажал.

Бидејќи селото било чифлиско селаните од Режановце не се староседелци. При крајот на 19 век се знаело за сите фамилии кои од каде се доселиле.

Така фамилиите од Миратовското маало потекнувале од Младен, петар и Сетефен кои се населувале во селото Миратовце, РУдарци се населиле во 1820 година од Шопко Рударе. Умарци се доселиле од Студена бара. Се нарекувале Умарци бидејќи во тоа време копале и продавале ума.

Во 1860 година од господарот се откупиле седум куќи. Оттогаш тие престанале да бидат чивлици кај пашата. Пред крајот ан 19 векнаследнитие на Авзи-паша го продале чивликот на Рустем и Јакуп Машкулоци од Тетово.

По Балканските војни многу селани од Режановце започнале да се откупуваат, а некои и добиле земја по аграните закони кои започнале да се спроведуваат и кај вас.

Со тоа селаните од Режановце полека станувале сопственици на земјата која порано била во псоед на Авзи-паша.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 37 (среда, 1ви мај 1963. година)

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments