Село во БиХ им забрани посети на политичарите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на општите избори во БиХ, селото Подгора ги предупреди кандидатите на сите политички партии да не доаѓаат во нивното место. „Не лажете со години“, им порачуваат на политичарите.

Мештаните на тоа село близу Сараево закаличе и транспарент во центарот на населеното место на кое пишува „Не лажете со години. Ниту една партија не е добредојдена во Подгор“.

Млади Босанци докажуваат дека во поранешна Југославија се било подобро (видео)

Loading...

Токму тој транспарент, како што пишува хрватски Индекс, најдобро зборува за општото незадоволство од политичарите. Помалку од 20 отсто од граѓаните имаат доверба во нив, според неодамнешното истражување на Здружението на новинари на БиХ.

Некои партиски активисти сепак поставиле неколку плакати, кои мештаните бргу ги искинале и на другата страна од транспарентот испишале: „Дали прочитавте? На луѓето им е доста“.

Leave a Reply