Селата низ кумановско се уште без струја

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во моментот без електрична енергија во општината Старо Нагоричане се селата Пелинце, Келинце, Стрновац, Старо Нагоричане, Драгоманце и Младо Нагоричане.

Жителите на наведените села ноќта ја минаа во темница откако дефект ги остави без електрично напојување, во моментот освен нив без електрична енергија се и неколку викендици кај фабриката „Бонум“.

 

Loading...