Секторот за урбанизам кон крајот на летото ќе отстрани повеќе од 20 трошни објекти

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Жители на ул. Пионерска по пат на писмено соопштение побараа од локалната самоуправа, под итно да се реши проблемот со трошната и речиси урната стара куќа, откако на само неколку чекори, склонопаден објект на ул Ленинова се урна пред преполн автобус.

Исплашени за сопствената но и безбедноста на граѓаните – пешаци и малите деца кои играат во близина на куќата, жителите на ул. Пионерска бараат итен увид на Секторот за урбанизам, како и оградување и рушење на објектот кој беше опожарен минатата година, и со тоа, речиси и урнат, со видливи остатоци од градбата која се рони во последните неколку недели.

11717356_10204957354190487_2665589791456786815_o

Лидија Ланг – Спасовска, раководител на Сектор за урбанизам, во прилог на барањето на граѓаните од ул. Пионерска да го реши проблемот со склонопадниот објект, вели дека во подготвка е проектна документација за остранување, не само на овој објект, туку на повеќе од 20 склонопадни објекти, кои поради неколаборативност на сопствениците сами да ги урнат објектите, ќе мора да биде извршено од општинските служби.

– Од понеделник, во соработка со комуналната инспекција при Општина Куманово, ќе договориме обележување на сите високоризични склонопадни објекти во градот со познатата жолта трака, за да спречиме движење блиску до објектите, и во ова прилика, ги замолуваме граѓаните да не ја тргаат траката се до моментот на рушење на сите објекти, вели Спасовска.

Отстранувањето на склонопадните објекти се очекува да започне кон крајот на летото, веднаш што надлежната фирма ќе ги достави проектите за рушење.