13.08.2019 10:15

Сексот е навистина лековит: Еве против кои болести најмногу помага


Универзитетот во Бристол цели 10 години спроведувал истражување за сексот и неговото влијание на здравјето, а резултатите, како што велат научниците, се дополнителен поттик за експериментирање во креветот.

Се испоставило дека ризикот од смрт е намален за околу 50% за мажите кои на неделна база доживуваат барем два оргазми. Редовниот секс ја намалува и опасноста од добивање на мозочен удар, а спречува и развој на срцеви заболувања.

loading...

Активноста во креветот исто така е еден од еликсирите на младоста. Паровите кои имаат секс најмалку четири пати неделно изгледаат седум години помладо од паровите кои тоа не го прават толку често – покажала студијата од болницата.

Психологот Дејвид Викс објаснува како за време на сексот се активира хормонот за растење, кој освен што ги уништува слободните радикали, ја чува нашата кожа и мускулите и ги намалува дури и брчките.

Редовниот секс го убива стрест и поттикнува квалитетен сон, а одличен е и во борба против ракот.

– Честата ејакулација го намалување створањето на канцерогените станици во простатата, а истражувањата докажаа дека мажите кои се во дваесетите ејакулирале седум пати во неделата и се под многу помал ризик за добивање рак на простата во доцните години од животот – рекол професорот Грем Гилс.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments