Сегашните мерки за Куманово се доволни, смета министерот Филипче

Сподели со своите пријатели

Сегашните рестриктивни мерки кои се воведени во целата држава се доволни за да се спречи ширењето на коронавирусот, па според министерот за здравство Венко Филипче нема потреба од заострување на мерките во Куманово.

Loading...

Одговарајќи на новинарско прашање зошто Куманово не се стави во изолација, ако таквата состојба во Дебар доведе до намалување на случаите на коронавирус, министерот вели дека ситуацијата се следи и засега мерките се доволни.

– Во моментот кога се донесоа мерките за Дебар немаше вонредна состојба и рестрикција на движењето. Нашите анализи и проценката на контактите на сите овие луѓе кои се новозаболени како контактирале со нивните примарни контакти, укажуваат дека засега не треба да се заоструваат мерките. Ги следиме случаите, која била релацијата и местото на живеење на заболените, тоа интензивно на терен го работат епидмеиолозите, може да се донесат нови рестриктивни мерки, но не засега. Со овие мерки сега сметаме согласно експертското мислење дека се доволни мерки, изјави Филипче.

Никола Ивановски

Leave a Reply