Седум нови случаи на коронавирус во Куманово

Сподели со своите пријатели

Седум нови случаи на коронавирус се регистрирани во Куманово во изминатото деноноќие, информираше на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Со ова вкупно во Куманово има 54 регистрирани случаи, од кои двајца досега починаа.

На ниво на државата вкупно во изминатото деноноќие се регистрирани 25 нови случаи, по седум во Скопје и Куманово, двајца во Прилеп и Струга, пет во Тетово, и по еден во Гевгелија и Кочани.

Вкупно во државата се регистрирани 354 заболени, а направени се 3.775 тестирања.

Никола Ивановски

Leave a Reply