Седум лица повредени во сообраќајка на булевар во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Седум лица биле повредени во сообраќајна незгода што вчеравечер се случила на крстосница помеѓу булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и улицата „Перо Чичо“ во Куманово.

Loading...

 

 

– На 09.10.2021 година во 21.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на  крстосница помеѓу булеварот „3-та МУБ“ и улицата „Перо Чичо“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“, управувано од В.С.(19) од Куманово во кое се наоѓале двајца сопатници и патничко моторно возило „бмв“ управувано од Б.И.(19) од Куманово во кое се наоѓале тројца сопатници, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

 

Loading...

 

Во незгодата, како што додаваат од кумановската полиција, возачите  и сопатниците  се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа  болница Куманово

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски / фото: читател