Седум бегалци за 24 часа од ПЦ Табановце завршиле во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Неколку бегалци од Авганистан, Ирак и Сирија во изминатото деноноќие завршиле на одделенијата во кумановската болница откако започнала да се влошува нивната здравствена состојба, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Тројца државјани на Авагнистан биле пренесени на Одделот за хирургија при Општа болница – Куманово, каде им биле извршени лекарски прегледни, односно иследувања и каде добиле соодветни интервенции и терапии по што сите биле вратени повторно во пунктот на Табановце. Четвртото лице исто така државјанин на Авганистан завршило на Одделот за ортопедија, каде по извршените прегледи и укажаната медицинска нега и препорака за операција исто така бил вратен на ПЦ Табановце.

На 29 февруари тимот на Итната медицинска помош префрлиле три деца бегалци во кумановската Општа болница поради појава на грозница и треска. Станува збор за бегалец роден во 2002 година од Сирија и две деца од Иран, од кои едното родено 2006, а другото 2008 година. Сите деца бегалци биле префрлени на Инфективното одделение каде им била укажана лекарска помош.

Инаку во текот на вчерашниот ден присутни во транзитниот центар Табановце вкупно биле 973 лица од кои Авганистан 599 лица, од Сирија 298 , од Ирак 69 лица и седум лица од Пакистан.

Кампот според забелешките од МТСП вчера бил затечен во неуредна и нечиста состојба кај тушевите и зад кујната. Затечена е голема количина на смет, расфрлани јакни и кебиња биле оставени до контејнери од страна на тимот кој бил на смена. Направена е и штета на кровната конструкција на излез од кампот и за истата е направен соодветен записник.