14.05.2019 23:34

Седнал да испроба луксузен автомобил од 2 милиони евра, сега го бара полицијата


Германскат полиција бара редок спортски автомобил Ферари од 80те години, за којс е верува дека вреди повеќе од два милиони евра, откако мажот кој се претставил како потенцијален купувач го украл за време на пробното возење.

Полицијата во Дизелдорф соопштила дека мажот кој се јавил на оглсот за црвено Ферари 288 ГТО прв пат регистрирано во 1985 година, се појавил во понеделник на договорениот состанок во германскиот град, пренесува АП.

loading...

Тој и продавачот отишле на пробно возење, за време на која продавачот излегол од автомобилот за да го замени местото со идниот купувач.

Човекот седнал на возачкото место, притиснал на педалата за гас и заминал.

Полицијата соопштила дека не успеала да го пронајде автомобилот и ја повика јавноста да им пружи евентуални информации.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments