Седна година по ред, Мелбурн ја задржа позицијата најдобар град за живот во светот, според годишниот извештај на магазинот „Економист“.
Мелбурн, вториот најголем град во Австралија и главниот град на државата Викторија, ја зазема првата позиција во конкуренција на 140 градови од светот, наоѓајќи се и пред Виена и три други канадски градови – Ванкувер, Торонто и Калгарија.
Градоначалникот на Мелбурн, Роберт Дојл рекол дека се работи за голем успех на кој треба да се гордеат сите граѓани, но дека тоа не значи дека градот е совршен.
Извештајот ги рангирал градовите по стабилноста, здравствената заштита, ултурните содржини и заштитата на животната средина, образованието и инфраструктурата.
Сиднеј, најголемиот австралиски град, поради закани од тероризам втората година по ред не влезе во првите десет и се наоѓа на 11 место на листата.
Меѓу најлошите градови за живот се Дамаск, Лагос во Нигерија, Триполи, Дака и Порт Моресби во Паупа Нова Гвинеја.