Сеат Кочан се изјасни за невин за „Труст“

Сподели со своите пријатели

Сеат Кочан, првообвинетиот во предметот „Труст“ денеска на судското рочиште во Кривичниот суд се изјасни за невин за обвиненијата што против него ги изнесе Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителот Гаврил Бубевски, пак, во воведното излагање рече дека обвинетите Сеат Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „Вато“, под превезот на успешен бизнис, со тешка измама, злоупоребиле приближно 1.060.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Нивниот мотив, според него, бил на нечесен начин да се добие тендер на АД „ЕЛЕМ“ и со фалсификувана документација, да се добие работниот ангажман.

Според доказите што ќе ги презентира СЈО, наваде Бубевски, ќе се докаже дека со куп невистинити документи, се погазени принципите на здравата конкуренција, изиграни се правилата на јавните набавки, кои постојат токму за да се избегнат криминални местенки заради злоупотреба на државните пари, а граѓаните и земјата да добијат квалитетни услуги кои, колку што е тоа можно најмалку ќе го оптоварат буџетот.

– Пред лицето на правдата денеска стои едно криминално здружение кому единствен и главен сврзувачки елемент му е незаконскиот профит, рече Бубевски. Тој побара од судот врз основа на приложените докази обвинетите да бида прогласени за виновни за делата за кои се обвинети.

На почетокот на денешното рочиште, одбраната на обвинетите побара повторно одложување бидејќи не им биле дадени сите докази на увид. Специјалното јавно обвинителство во судницата и ги предаде на одбраната доказите за случајот „Труст“, по што судијката Лидија Трајковска Зимбовска не дозволи одложување на судењето и ја почна главната расправа.

Извор: МИА

Loading...