Се затвора аеродромот во Скопје

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот аеродром Скопје за 48 часа же биде затворен, информираше Венко Филипче, министер за здравство.

Loading...

Ова е една од последните одлуки на Владата со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во земјава.

На скопскиот аеродром сега ќе можат да слетуваат само празни или карго летови, но не и патници.

Се затвораат и сите гранични премини за странски државјани, освен за товарни возила, дипломатскиот кор и за лица од особен интерес за државата по препорака на Министерството за внатрешни работи.

Товарните возила ќе влегуваат под посебни услови по протоколот на Министерството за здравство.

Никола Ивановски

Leave a Reply