Се запали објект во поранешната касарна во н. Карпош (галерија)

Сподели со своите пријатели

Пламени јазици проголтаа еден помошен објект на поранешната касарна во населбата Карпош.

Loading...

[huge_it_gallery id=”237″]

Засега од непознати причини избувнал пожарот, кој во моментов го газнат припадниците на Територијалната против пожарна единица Куманово со пет пожарникари и едено против пожарно возило на терен.

Најпрвин гаснеа околу објектот за да спречат ширење на пламенот на трафостаницата која се наоѓа во близина, а сега го гаснат и самиот објект.

Експресната реакција на населението и пожарникарите ќе спречи ветерот да ги прошири пламените јазици на куќите кои се наоѓаат на само неколку метри од објектот.