Се забрзува постапката: Ковид пасоши од јуни

Сподели со своите пријатели

Членовите на Европската комисија одлучија да го забрзаат процесот на одобрување на зелени дигитални сертификати за да можат да бидат прифатени пред почетокот на летото, што ќе овозможи безбедно и слободно движење за време на пандемијата.

Loading...

Европската комисија со мнозинство гласови одлучи да ја поддржи итната постапка за одобрување на зелени дигитални патнички сертификати.

Овие сертификати се првенствено насочени кон враќање на довербата во патувањата, и ќе послужат за безбедно и слободно движење на граѓаните во рамките на Европската унија, пишува TU Magazine.

Дигиталниот сертификат со сите релевантни податоци најверојатно може да биде прифатен до почетокот на јуни, така што сите подготовки и самото спроведување ќе бидат завршени пред почетокот на летната сезона.

Таквата иницијатива може многу да го олесни патувањето и за граѓаните на ЕУ и за другите, и сите патници без сертификат или вакцина нема да бидат дискриминирани, но Комисијата исто така ќе предложи издавање на сертификат за тоа дали некое лице е тестирано или ја имало болеста.

Leave a Reply