Се вселувате во нов стан? Овој сајт ќе ви открие кој живеел или починал претходно во него

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте се запрашале кој живеел во куќата пред вас и како завршил тука животот? Дали починал мирно или зад него останала крвава дамка околу која се собираат духови?

Една американска компанија понудила за мала сума на пари да дознаете дали некој од претходните сопственици на вашата нова куќа смртно настрадал. Сајтот DiedInHouse.com дава одговор на прашањето на секому кој се сомнева дека во неговата спална соба некој го изпуштил својот здив.

Дали некогаш сте се запрашале дали некој починал во вашиот дом? Дали сте купиле или наследиле стан во кој има чудно минато за кое не знаете? На овие прашања за Американците повеќе нема да биде тешко да се најде одговор. Инспириран од серијата „American horror story“ овој сајт ви нуди да ја дознаете „смртната листа“ на вашиот дом.

Сајтот има одговор кој ќе го смири или сериозно вознемири сопственикот на недвижноста. Во Америка во која преселбите од куќа во куќа и од град во град се честа појава, оваа услуга е често барана.

Творец на сајтот е Рој Кондреј кој вели дека на идејата го навел неговиот подстранат кој тврдел дека станот кој му го изнајмил е оспеднат со духови.

Кондреј набргу наишол на интересен податок. По законот само недвижностите во кои дошло до насилна смрт, влегуваат предвид при известување на новиот сопствеик. Природната смрт е изоставена од законот за јавни податоци, пишува Индепендент.

Сајтот станал популарен меѓу оние кои мислат дека куќата им ја опседнале духови, но и станува неволја за агентите за продажба. Од друга страна Кондреј тврди дека на луѓето им е попријатно да знаат кој починал во куќата пред вселувањето. Сепак, според неговите тврдења, до овие информации не е лесно да се дојде.

Кондреј и неговиот тим трагаат низ сите документации за да дојдат до одговор за секој подинечен случај. Оваа услуга чини 11,99 доалри.

И додека агентите за недвижности се жалат на сајтот, Кондреј се повикува на слободата на информирањето. Го истакнува примерот на Американката Џенет Миликен која со своите две деца се вселила во дом во Пенсилванија, а по смртта на својот сопруг, дознала дека куќата која ја платила 610.000 долари била место каде се случило првин убиство, а потоа и самоубиство.

Базата на податоци на овој сајт датира од 1980 година, а тимовите на луѓето работат на сајтот да објавуваат податоци и од претходните години.