Се враќаат сините картони за лекување

Сподели со своите пријатели

Сините картони за лекување повторно се враќаат во употреба во македонското здравство, откако на електронските картички кои беа издадени во 2011 и 2012 година им истече петгодишниот рок на траење.

Со оглед дека Министерството за здравство се уште нам пронајдено фирма која ќе ги печати новите картички, Фондот за здравствено осигурување започна да издава сини картони.

Сите осигуреници на кои ќе им истече електронската картичка треба да се обратат во подрачните единици на Фондот за да подигнат сини картони.

Loading...