Се вработил во фабрика за „Ајфони“ и се шокирал од условите за работа

Сподели со своите пријатели

Многу е веројатно токму во изработката на вашиот Ајфон да работел Деџиан Зенг затоа што минал шест месеци работејќи во фабрика во Шангај каде се прават овие популарни телефони, за да го истражи односот кон вработените. Не му била цел да заработува 125 долари неделно, туку од прва рака да дознае во какви услови работат вработените.

Loading...

Во летото 2016 година тој се појавил на вратите на компанијата на тајванскиот Пегатрон, познат како Чангшуо, ги покажал своите документи, прстите кои биле здрави и ја изрецитирал англиската азбука. За само 30 секунди тој влегол во фабриката. Три дена подоцна, по физичкиот тест и многу документација, тој потпишал договор и започнал да завртува мали шрафови с опомош на машина на задниот дел од Ајфон 6 и 7, за да го осигура нивниот минијатурен звучник. Дневно завртувал по 1.800 шрафови.

Како и неговите колеги, тој одел на работа во розова јакна и сина капа, каде минувал 12 работни часа. На секои два часа  имале пауза по 10 минути, 50 минути пауза за ручек и 30 минути за вечера кои не се платени. Кога се пријавил за ноќна смена, бил сместен во спална со седум други мажи на возраст од 18 до 28 години. Останал во оваа професија шест недели и потоа дал интервју за тоа во Карнегиевиот совет за етика и интернационални работи.

Иако фабриката од 2016 година успеала да се избори за некои регулативи со градот, работниците во таа година заработиле 23 отсто помалку споредбено со претходната. Фабриката при зголемувањето на платите ги елиминирала трошоците за компензација за храна и некои бонуси.

– Претпоставивме дека овие промени во платите и трошоците ќе резултираат со штрајк, што е една од причините зошто бевме таму. Но, штрајк немаше рекол Зенг.

За сопствениците на фабриката целосно е нормално работниците постојано да доаѓаат и заминуваат. Не им е непознато работниците да остануваат по недела дена или две и потоа дадаваат отказ. Во такви ситуации нивните менаџери кои се многу подобро платени немаат никаква иницијатива. Тој укажал на тоа дека постојат и други начини да се подобри квалитетот на условите за работниците во фабриката која произведув аработи кои Американците сакаат да ги купуваат.

– Од мое искуство видов, дека секогаш кога Епл доаѓа на ревизија во фабриката се чувствува анксиозност. Ним им е грижа за тоа и поради тоа сите се нервозин, додава тој.

https://www.instagram.com/p/BrXUFUTlOpp/

Leave a Reply