Се вљубила во двојно помлад маж, се венчале, па сфатила дека е измамник

Сподели со своите пријатели

Бет Ханинг (68) од Велика Британија лудо се вљубила во 30години помлад маж, Родни од Африка, а потоа била длабоко повредена кога открила дека станува збор за измамник.

Loading...

Родни украл 150.000 евра на Бет. Тие се запознале на социјалните мрежи пред пет години, а Бет се вљубила во неговите љубовни пораки и нежни зборови.

Целиот свој живот штедела работејќи како службеник и социјален работник, пред да запознае човек од Африка, со кого дури се омажила во Гана.

Тие се запознале преку заеднички пријател и ги поврзувала љубовта кон музиката. Пријателството дошло во тешко време за Бет, која се чувствувала осамена бидејќи нејзината сестра починала неколку години порано, а на нејзината мајка ѝ била дијагностицирана деменција.

 

 

Бет била свесна дека има голема разлика во годините, но Родни првично и рекол дека има 40 години.

Loading...

Првин, Бет му позајмила 200 евра, а подоцна и други 2.000 евра за набавка на музичка опрема, но тој ветил дека ќе врати сè.

Бет го посети во Гана во 2015 година, а биле и интимни. Тој дури се качил на сцената во еден клуб и ја замолил да се омажи за него, а за време на церемонијата открила дека Родни имал 30 години.

Одлетала дома и платила адвокат да организира виза за нејзиниот сопруг, која била одобрена во 2017 година, па Родни се преселил кај неа.

Работите потоа се тргнале во надолна линија, Родни постојано се жалел и честопати спиел на софата наместо во креветот. Почнале да се расправаат за сè, особено за нејзините приходи и наскоро сфатила дека сето тоа е лага.

Нивната врска завршила, а Бет платила уште 1.500 евра за да го испрати дома и за разводот.

Leave a Reply