Се урна хеликоптер во Ирак, загина целиот екипаж

Сподели со своите пријатели

Ирачки воен хеликоптер се урна за време на борбена операција во северен Ирак, при што загинаа сите пет члена на екипажот, соопшти ирачката армија.

Loading...

Хеликоптерот се урнал во близина на градот Амерлија, 170 километри северно од Багдад. Не е прецизирано дали хеликоптерот се урнал поради непријателски оган или технички дефект.

И покрај поразот на Исламската држава во 2017 година, остатоците од ИД се свртеа кон напади врз владините сили во различни делови на Ирак, пренесува Хина.

Ирачките безбедносни сили започнаа многу операции во последните месеци во областа каде што се урна хеликоптерот во потрага по екстремисти, соопштија воени претставници.

Leave a Reply