Се топи најстариот мраз на Арктикот, последиците би можеле да бидат катастрофални (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Дел од ледот на северниот брег на Гренланд, познат под името „последната ледена површина“, започна да се разделува за прв пат досега.

На оваа подрачје од Арктикот се наоѓа и најстариот и нагуст мраз во регионот, кој, се до сега, беше отпорен на ефектите од климатските промени.

Додека разбивањето на морскиот мраз во овој дел на Арктикот никогаш не бил документиран во минатото, експертите велат дека тоа се случило два пати оваа година поради топлите ветрови и високите температури, пренесува Гардијан.

 

Loading...

 

Водите на северниот брег на Гренланд се наоѓаат во еден од најстудените делови на Арктикот и долго се претпоставува дека ќе биде меѓу последните кои ќе ги доживеат ефектите од топењето кои се видливи во другите подрачја.

Меѓутоа, по невообичаено топлиот февруари и високите температури од почетокот на август, изгледа дека оваа повеќе не важи.

Топењето на мразот сега создало најголем јаз од брегот кој некогаш бил забележан.

– Скоро сито мраз на северот на Гренланд е прилично искршен и мобилен, рекла Рут Мотрам од данскиот метеоролошки институт.

Другите експерти на социјалните мрежи за овој феномен рекле дека е „застрашувачки“.

 

 

Мразот на Арктикот продолжува да се топи како резултат на климатските промени и тоа и натаму ги загрижува експертите.

Степенот на морскиот мраз продолжува да опаѓа од почетокот на летото, а експертите веруваат дека кон почетокто на септември ќе биде најнизок во последните 40 години, откако се вршат мерењата.

– Во текот на овие две недели од август количината мраз опадна на околу 65.000 квадратни километри дневно, нешто побрзо од просекот од 1981. до 2010. година кога бил 57.000 квадратни километри дневно, истакнуваат од Националниот центар за податоци за снег и мраз.

 

Loading...

 

ЕФЕКТИ ОД НИСКОТО НИВО НА МОРСКИОТ МРАЗ

Количеството мраз на Арктикот започнува да опаѓа околу март, кога завршува зимата.

НАСА неодамна изјави дека максималната количина на морскиот мраз оваа година е ниско, по три други рекордни ниски мерења направени во 2015, 2016 и 2017. година.

Ова може да доведе до бројни негативни ефекти врз климата, временските услови, растителниот и животинскиот свет и автохтоните човечки заедници.

 

 

Покрај тоа, мразот кој исчезнува може да влијае на рутите на бродовите како и на крајбрежната ерозија и циркулацијата на океанот.

Обемот на морскиот мраз на Арктик на 15. август изнесувал 5,7 милиони квадратни километри, што е пониско од просекот, но и натаму над рекордниот минимум, објаснуваат експертите.

Leave a Reply