Се родија држејќи се за рака, а еве како изгледаат две години подоцна (видео)

Сподели со своите пријатели

Џена и Џилијан од САД се родија со царски рез во октомври 2014 година како моно-моно близначи, што значи дека ја делеле плацентата, што се случува еднаш во 10.000 случаи.

Нивната приказна ги освои срцата ширум светот затоа што на свет дошле држејќи се за раце. Фотографијата направена недолго по породувањето се рашири со молскавична брзина на интернет мрежите и порталите.

Шест месеци по раѓањето тие не се одвојувале една од друга. Останале приврзани и гледано од страна секогаш се чини дека се обидуваат да бида што поблиску една до друга. Ваква поврзаност потсетува на односот на еднојајчани близнаци, но притоа е поцврста.

Нивните родители тврдат дека тие се расплакуваат кога некој ќе се обиде да ги раздели, а толку наликуваат една на друга што само постариот брат со сигурност може да ги разликува.

 

Loading...