Се роди бебе без лице во Португалија: Малиот Родриго нема нос, очи и дел од черепот

Сподели со своите пријатели

Во Португалија е суспендиран лекар осомничен за дело – небрежност откако мајка родила дете без лице.

Loading...

Малечкиот Родригое е роден на 7 октомври без нос, очи и дел од черепот. Деформитетите се откриени после породуваето во Сетубал, околу 40 км. јужно од Лисабон.

Случајот стигна до медиумите

Португалскиот медицински совет едногласно во вторникот изгласа суспензија на лекарот Артур Калвахо на шест месеци. Против него се покренати уште шест тужби, кои датираат од 2013 година, пишува Галф Њуз.

Советот отвори истрага по жалбата од родителите, откако целиот случај стигна до медиумите.

„Постојат силни докази за негрижата на лекарите, што може да доведат до санкции“, рече за РТП Александре Валентим Лоренцо, шеф на медицинскиот совет за јужниот регион.

Ги негирал деформитетите

Карваљо ја следел бременоста на мајката на Родриго во приватна клиника во Сетубал, каде направил три задолжителни ултразвук прегледи, но не го известил семејството за никакви потешкотии или деформации.

Loading...

Родителите ги предупредиле на можна аномалија на фетусот во шестиот месец од бременоста и побарале дополнителни ултразвучен тест, но лекарот ги уверувал дека такво нешто не им е потребно.

„Објаснил дека понекогаш некои делови од лицето не се видливи на ултразвук“, рече Џоана Симао, сестра на жената која се породи. Бебето се уште се наоѓа во родилиштето.

Leave a Reply