Се реновираат ООУ „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“ (галерија)

Сподели со своите пријатели

Во тек е проектот за мулти-културна соработка на УСАИД , преку кој се обновуваат Општинските основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“, чии простории се изградени во 1950 година. Тука се наоѓало средното економско училиште, а по преместување на истото овој објект е доделен на основните училишта и од тогаш ништо не е реновирано.

Loading...

Проектот се реализира веќе три години и е во 4 фази. На него работат просветните работници, родителите и самите ученици. Четвртата фаза од проектот предвидува обновување на училишните простории. Партнер училиште во овој проект е ОУ „Бајрам Шабани“ кое исто така ќе биде обновено.

[huge_it_gallery id=”170″]

Со 1,4 милиони денари пари од УСАИД се реновираат прозорците, панелите на ходниците, како е влезните врата на училиштата, додека со финансиска подршка од Локалната самоуправа во износ од 360.000 денари се обновуваат тоалетите, додека со пари од училиштето се обновуваат прозорците на тоалетите и се реновираат влезните скали на училиштата.

Како што истакнува директорката Марина Манојловска, проектот се очекува да заврши до почетокот на учебната година, а предвидено е и свечено отворање на реновираните простории затоа што овој објект се обновува прв пат по 65 години постоење.

Манојловска е пресреќна што од 1-ви септември учениците ќе седнат во реновирани простории кои ќе го подбрат амбиентот за работа и учење.

Во овие две училишта настава посетуваат повеќе од 600 ученици од прво до петто одделение.