Се разгоруваат нови пожари низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Нови пожари попладнево се разгоруваат на територијата на Општина Куманово.

Loading...

До редакцијата на Кумановски Муабети стигнаа информации најпрвин од локалното население дека пожар се шири во селото Четирце и се заканува на дел од куќите и викендиците.

Пожарот го пријавиле во Територијалната противпожарна единица во Куманово, од каде им било кажано дека во овој момент немаат слободно противпожарно возило бидејќи активни се 10 пожари.

Мештаните на селото Четирце, за Кумановски Муабети, велат дека сами го гаснат пожарот, но не можат да сторат многу бидејќи во селото нема струја и вода, а дува и силен ветер кој не им оди во прилог.

Информацијата за пожарот ја потврди в.д. раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Арбнор Тефику кој додаде дека пожари има и во Сопот и Лојане.

– Во голема гужва сме. Во овој момент имам информации дека во селото Лојане гори плевна, во Сопот е запалена куќа, но не станува збор за шумски пожари. Има пријава и за пожарот во Четирце, но немам повеќе детали, рече Тефику кратко во телефонски разговор.

Според неофицијални информации пожар има и во селото Орашац.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply