Се расипа уредот кој собираше смет од Пацификот

Сподели со своите пријатели

Уредот за собирање смет кој требаше да го исчисти Тихиот океан од пластичен отпад се расипа помеѓу Калифорнија и Хаваи и ќе биде одвлечен на копно поради поправки.

Loading...

Холандскиот пронаоѓач Бојан Слат кој го иницирал проектот за чистење на Пацификот, рекол дека уредот со должина од 600 метри ќе биде одвлечен на Хаваи, што е околу 1.300 километри од моменталната локација.

Ако таму не може да се поправи ќе биде пренесен во пристаниште во Алемиди, Калифорнија.

Уредот се расипал при константен ветер и бранови во Пацификот, пренесува АП.

Слат рекол дека е разочаран, но не и обесхрабрен. Ветува дека чистењето на океанот ќе биде продолжено откако тоа ќе биде возможно.

– Ова е целосно нова категорија на машина која се наоѓа во екстремни услови, рекол Слат.

Целта на неговиот проект била од океаните да се отстрани т.н. голем пацифички тепих од смет кој е потежок од три тони, а кој се формирал со децении.

Leave a Reply