Се протеруваат руските дипломати, „малите“ земји под притисок

Сподели со своите пријатели

Бурата предизвикана со атентатот на поранешниот двоен руски шпион Сергеј Скрипаљ во Велика Британија не стивнува. Во заедничка акција со сојузниците, Лондон започна најголемо колективно протерување на наводни руски разузнавачки службеници, тврди британската премиерка Тереза Меј.

Дипломатската студена војна започна со одлуката на Велика Британија да протера 24 руски дипломати. Москва возврати со испраќање дома ист број британски дипломати и затворање на британските културни институции во земјата.

– Сите во ова делиме мислење дека Русија е одговорна за дрскиот обид за убиство на Сергеј и Јулиј Скрипаљ во Солсбери, кое доведе во опасност и многу други лица, вели премиерката на Британија, Тереза Меј.

И досега големите сили делувале надвор од меѓународните закони: ги шпионирале и сојузниците и протерувале дипломати, но никогаш во поновата историја немало акција од вакви размери.

– Ова е важен сигнал за режимот во Русија дека повеќе нема да толерираме повреди на меѓународното прави, вели канадскиот пратеник Омар Алгавра.

Повеќе од 20 земји протераа рсуки дипломати поради случајот Скрипаљ, меѓу кои и Македонија.

Десет ервропски земји засега немаат намера да спроведат таква одлука, а меѓу нив се Австрија, Бугарија, Грција, Ирска, Кипар, Луксембург, Малта, Словачка, Словенија и Португалија, се наведува во ЕУ Обсервер.

На најтешкото прашање паднаа малите земји, кои не сакаат да се замерат со Западот.

– Кај нас бараат еден или двајца дипломати да ја напуштат земјата со шепотење на извинувањето, тогаш точно знаеме дека тоа е резултат на огромен притисок и огромна уцена која претставува за жал главно оружје на Вашингтон на меѓународната сцена, смета рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Власта во Македонија по одлуката за претерување на еден дипломат, не е единствена. Тровластието ја спречи БиХ да размислување за протерување на Руси, а Црна Гора размислува да го стори тоа. Хрватска се солидализираше со сојузниците во НАТО, но истовремено обнови повик до Путин да ја посети земјата. Русија најави противмерки, но не се објавени размерите на таа дипломатска одмазда.

Leave a Reply