Се продава највисоката куќа во светот: Има 12 ката, лифт и систем за греење за кој многумина сонуваат (видео)

Сподели со своите пријатели

Резиденцијата која е позната и како највисоката семејна куќа во светот се продава за 1,3 милиони евра. 

„Фалкон нест“ има површина од 576 метри квадратни и е изградена близу Тамб Буте во Прескота, Аризона.

 

Loading...

 

Куќата има 12 ката, а висока е 38 метри. Неа ја дизајнирал архитектот Феникс Сукумар Пал.

Во неа има три спални соби, четири бањи, стаклен плафон и ѕидови. Од неа се пружа прекрасе поглед на Сан Франциско Пикс, односно групата планини на северот на Аризона и Бил Вилијамс планината.

 

 

Исто така, оваа куќа има и хидрауличен лифт, како и единствен енергетски систем кој ја лади куќата лете, а ја загрева во текот на зимата.

 

Loading...

 

Цената по која се продава е значително пониска од првобитната која изнесувала 2,4 милиони евра во 2015та година, пишува „Дејли мејл“.