28.07.2015 14:29

Се претпоставува дека ова е новиот изглед на IPhone 7 (фото)


Наесен, секој септември во годината, Apple го пушта во продажба новиот и подобрен изглед на мобилниот телефон iPhone, што кај обожавателите предизвикува општа еуфорија и нетрпение да се дојде до новиот модел.

loading...

Излегувањето на новиот модел ги тера фановите да чекаат во редови со денови, а ниту ова година нема да биде поинаку.

Сè додека не излезе новата верзија, може само да нагодуваме како ќе изгледа новиот модел, но, нашироко се зборува дека ова година се очекува подобрување на издржливоста на батеријата (и време е, нели), како и подобро SIRI препознавање и ”Force Touch”, опција веќе содржана во Macs, со тоа што ќе функционира поинаку во зависност од тоа колку силно се притиска копчето.

Дизајнерот Антонио Де Роса, дојде до неколку дизајнерски решенија кои веќе се  интегрирани во изгледот на Apple Watch, така да, нема да изненади, тоа да биде видливо и на новиот модел на iPhone.

Имаме уште неполни два месеци до излегувањето на новиот модел, но, тоа што засега се врти како можна опција за изгледот е непроверена информација од Apple.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments