Се преполови најубавиот глечер на светот (видео)

Сподели со своите пријатели

Спектакуларната санта Перито Морено во Аргентина се скрши пред очите на туристите кои спектакуларниот настан го забележале со своите камери.

Еден од најубавите светски глечери кој се наоѓа во аргентинската провинција Санта Круз во националниот парк Лос Гласиарес така престана да постои во својата препознатлива форма на мост.

Слично кршење на глечер се случи и пред четири години, а со оглед на реткоста на природниот феномен, насобраните туристи започнале да ракоплескаат кога забележале мали делови на глечерот што започнале да се откинуваат.

Како изгледал овој феномен погледнете во самото видео.