Се поставува металната конструкција на салата во „Наце Буѓони“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Се поставува металната конструкција на новата спортска сала во средното техничко училиште „Наце Буѓони“. Општина Куманово согласно склучениот договор со Министерството за образование и наука, првин го порамни и подготви теренот, а обезбеди и дотур на вода и сите други енергенси. Претходно, беше издадена и градежна дозвола за изградба на салата која е финансирана од Владата, преку Министерството за образование и наука.

Loading...

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски истакна дека последниве две години во општината е инвестирано во три училишни спортски сали. Тој изрази благодарност до министерството што за овој проект обезбеди 27 милиони денари.

-Општината учествува со конекција на канализација, вода, електрична енергија и ние ги извршивме подготовките на теренот и ископот на самата локација, некаде околу 2 милиони денари одвои општината за овој проект. Се надевам дека ќе биде постигната целта ова училиште по подолг временски период да добие и училишна спортска сала и со тоа ќе се заокружи еден целосен сегмент во делот на образованието на учениците она што е приоритет за сите нас секако е да ги подобруваме условите на учениците  во делот на нивната едукција, бидејќи знаењето е на прво место – нагласи кумановскиот градоначалник.

Димитриевски посочи дека согласно текот на работите изведувачот се надева дека до крајот на годината ќе завршат градежните работи од надвор, за да потоа се пристапи на внатрешниот дел. Спортската сала веќе од наредната учебна година би требало да им биде на располагање на учениците.

Директорот на „Наце Буѓони“, Драган Јаневски посочи дека по 60 години училиштето ќе добие спортска сала.

-Спортската сала за нашето училиште е од огромно значење. Техничкото училиште постои од 1960 година и веќе 60 години немаме спортска сала. Тоа е голем недостаток за наставата по физичко и здравствено воспитување. Нашето училиште брои 72 паралелки и без спортска сала е невозможно да се изведува наставата по физичко. Голема благодарност од Министерството и општината што ни овозможија да дојдеме до ваков објект кој е од витално значење за нашето училиште – нагласи тој.

Loading...

Претходно во Куманово беше изградена спортска сала во средното стручно училиште „Перо Наков“,, а во четврток се очекува да се пушти и спорската сала во основното училиште Јероним де Рада, во кумановско Черкези.

Leave a Reply