Се поставува изолација на кујната во Транзитниот центар на Табановце

Сподели со своите пријатели

Како дел од градежни и инфраструктурни активности кои се спроведуваат во Прифатно транзитниот центар за бегалци на Табановце, започна поставување изолација на кујната, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Истата активност е во рамките на Министерството за труд и социјална политика, од каде додаваат дека нивниот магацин кој се наоѓа во техничкиот дел е целосно исчистен и среден заедно со уште два други магацини.

Во бараките биле намесетни 40 нови ќебиња, затоа што претходно користените поради одржување на хигиената треба да се однесат на перење, а извршена е и дезинфекција на бараките од страна на Центарот за јавно здравје.

Според податоците на Министерството до вчера до 19 часот низ кампот танзитирале 190 бегалци, од кои четири стари лица и три бремени жени.