Се помалку ѕвезди видливи на небото

Сподели со своите пријатели

Ѕвездите исчезнуваат од ноќното небо, а причината е светлосното загадување кое ја спречува нежната светлина на ѕвездите да стигне до Земјата.

Loading...

По 12 години анализа, научниците објавија студија во списанието „Science“ во која открија дека небото станува посветло – приближно 9,6 проценти секоја година.

Истражувачите истакнуваат дека проблемот со светлосното загадување не е ништо ново, но стапката со која расте е алармантна.

Ако досега, на пример, можеа да се видат 250 ѕвезди на некоја област, во последните 12 години тој број се намали на само стотина, предупредуваат научниците.

Тие истакнуваат дека мерењето на „осветленоста на небото“, а со тоа и вкупната видливост на ѕвездите е многу тешко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Луѓето пренесуваат повеќе вируси на животните отколку што ги добиваат од нив

Сателитите кои се во орбитата на Земјата често се користат за мерење и тие имаат значително поинаков поглед во споредба со личноста на Земјата.

Со цел да се обидат да измерат што точно може да се види од Земјата, истражувачите побарале помош од обичните граѓани.

Повеќе од 50.000 луѓе ширум светот се приклучија на проектот „Ноќно откривање“ и ги пријавија своите набљудувања на истражувачите.

Loading...

Анализата откри дека, веројатно, главен виновник за влошувањето на видливоста на ѕвездите е „ЛЕД осветлувањето“, кое во изминатите 12 години стана главен извор на светлина во целиот свет.

Истражувачите истакнуваат дека во 2011 година „ЛЕД осветлувањето“ имало само еден процент од пазарниот удел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Садењето дрвја на погрешни места всушност ги влошува климатските промени

Помалку од десет години подоцна, тој удел веќе беше 47 проценти и само се зголемува.

Научниците предупредуваат дека овие проблеми влијаат не само на гледањето на ѕвездите, туку и на целиот екосистем.

Неколку претходно објавени студии покажаа дека сè посветлото ноќно небо влијае на растенијата, животните и нивните меѓусебни интеракции.

Лабораториските студии, според истражувачите, покажале и физиолошки промени кај рибите поради се посветлото ноќно небо.