Се поголем бројот на Британци со германско државјанство

Сподели со своите пријатели

Во очекување на излегувањето на Велика Британија од Европската унија следната година, бројот на Британци кои станале германски државјани скокнал за 162 отсто минатата година, соопштила германската Сојузна служба за статистик

Скоро 7.500 Британци добиле германско државјанство во 2017 година, додека година дена претходно бележат е пораст од 361 отсто, така да вкупниот број на Британци кои за две години станале државјани на Германија изнесува 10.400.

Тоа е повеќе од двојно во однос на бројот на Британци кои аплицирале за германско државјанство во првите 15 години од 21 век.

– Брската Брегзит е очигледна, навела Сојузната служба за статистика, а пренесува Ројтерс.

Како се додава, минатата година скоро 15.000 Турци добиле државјанство, а потоа следуваат Британците.

Многу Британци се загрижени дека ќе го изгубат правото на живот и работа во најголемата европска економи.

За да се квалификуваат за државјанство, Британците треба да живеат во Германија осум години. За обработка на барањата потребни се повеќе од шест месеци, а Британцтеможат да добијат двојно државјанство додека Британија се уште е членка на Европската унија.

Leave a Reply