Се отстрануваат времените објекти на улица „11 Октомври“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На улицата „11 Октомври„ вчера општина Куманово започна со отстранување на времените објекти (бараки), со цел да се создаде поголем простор во овој дел од градот.

Loading...

Општина, како што информираат, ќе отстрани вкупно дваесет и четири објекти, со динамика, согласно финансиските можности што ги има.

-На овој начин ќе се намали метежот во сообраќајот, кој досега претставуваше проблем, велат од локалната самоуправа.

Бараките се сопственост на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор и истите ќе бидат отстранети во текот на оваа и следната недела.

Loading...

Корисниците пред три месеци добиле решенија да ги напуштат објектите, а оние кои тоа не го сториле се иселени вчера со полициска асистенција.

Leave a Reply